Episode Details
Back to EpisodesВторник, 5 Мај 2020
Description
Најавија отварање на кафани, ама некако нема логика да може само фамилија да седи на маса. Како бизнисмени ќе ги исполнат таргетите за продажба ако не може да ги начукаат клиентите?
Влатко има роденден. Нешто мува од типот мултилевел маркетинг, ама на никој не му е јасно што. Ги изреметивме, и пак не ни е јасно!
На тема родова еднаквност, дискутураме како е да се живее со тројца мажи по дома и да одржи ментална стабилност. Другите, оваа информација ви ја продаваат скапо, а ние ја даваме гратис!
Плус ви даваме идеја за бизнис кој може да го тераш од дома, а потенцијално може да ти носи многу пари, а на самиот крај - аксесоари за домашни миленици, или нашки кажано, на што се може да потрошиш вишок пари!