Episode Details
Back to EpisodesСреда, 13 Мај
Description
Од денеска се олабуваат, молови се отвараат, ама полициски час останува. Зорка на лице место проверува дали и како моловите се отворени ама звучи доста разочарано - дали прскаат на раце? Дали се радуваат на муштериите или се е исто?
Во недела има хепенинг, илити концерт, или контрапротест а Тик Так и Зорка сеопфатно анализираат што ќе се служи на собирот и на кој начин истиот ќе се организира имајќи во предвид дека има забрана за групирање.
Орвел вели дека сите се исти, ама не сите се исти. И кај нас е така - еве политичарите може да шетаат и кога ќе се вратат нема да одат во карантин, а обичните смртници ќе бидат во карантин. Демек короната не бира политичари. За да видиме како тоа функционира, си играме Корона и Министерка.
Огнен Јаневски од Тв 24 направи римејк на Т'га за Југ, а Тик Так вокално ја изведе.