Episode Details
Back to EpisodesЧетврток, 15 мај
Description
И денес не лажат со мерки. Тик Так и Зорка бараат логика зошто некои објекти се отворени а некои не, како и тоа зошто нормативите се различни за различни установи. Дали хигиената во угостителските објекит беше запоставена а посто корона кризата ни овозможи да го осознаеме тоа?
Тик Так конечно си ја отвара душата и дискутира за својот најголем порок, а Зорка како искусен терапевт дели совети за справување со пороци.
ИТ безбедноста е битна работа па затоа Тик Так и Зорка даваат совети за сигурни лозинки, плус играме игра -од која партија е државниот службеник согласно лозинката за мејл.
Честитаме три родендени - еден на обичен граѓанин и еден на државен службеник и еден на Весна која изреагира одлично.
Tик Так го реши она што со години е проблем во нашето општество - немање на лична одговорност. Проблемот, по се изгледа, потекнува уште од прво одделение!