Episode Details
Back to EpisodesПеток 15 Мај
Description
Сите сме во исчекување дали ќе има нова вонредна состојба, а во меѓувреме, нееднаквите само си додаваат привилегии и се трудат народот да го изведат на избори. А може да се гласа и без да се излегува надвор.
На барање на слушателите, играме нова игра - запознај ги Тик Так и Зорка. Зорка има сефте со играва.
Дали според името на бебето можеш да погодиш дали детето е родено на државна клиника или во приватна болница?
Имаме и писмо од слушател кој тврди дека не цензуриаат, дали е во право?
Ги анализираме потецијалните дестинации за годишен одмор, и врти сучи им одиме на Охриѓани по живци, а Охриѓани веднаш реагираат.
Карантинот негативно влиаје врз тежината, па правиме муабет како правилно да се храниме, плус Зорка дава апдејт на хибридот Ружопир.
Се она што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.